Мармалад од диви сливи и праски

0
1062

Сочни и киселкасти идеални се за правење на мармалад. Затоа, следниот пат кога ќе ги видите некаде, застанете и наберете си барем половина килограм и испробајте го рецептов.

Состојки:

500 г сливи

300 г праски

400 г шеќер

Сок од 1 лимон

1 лажичка свежо рендан ѓумбир

Приготвување:

  1. Измијте ги сливите и праските, отстранете ги семките и исечете ги на половина (праските и на повеќе делови)
  2. Ставете ги во тенџере заедно со шеќерот, сокот од лимон и ѓумбирот и варете на средна температура додека смесата не проврие.
  3. Тргнете од оган и измешајте ја смесата со миксер.
  4. Продолжете да варите уште 20 до 25 минути, па додека е уште врел, наполнете ги стаклените тегли и добро затворете.