Состојки:
1 голем портокал или два помали
1 шолја јаткасто овошје по избор (ореви, индиски ореви, лешници, бадеми,…)
3 лажици рогач во прав
- Исечете 2 кришки портокал и оставете ги настрана. Исцедете еден голем (или два помали) портокал. Сокот испијте го!
2. Пулпата од портокалот ставете ја во блендер заедно со јаткастото овошје, 3 лажици рогач и 3-4 урми на кои претходно ќе им ги извадите семките.
3. На рамна површина со помош на некој калап или со обична стаклена чаша, вадете од смесата и формирајте јафа кекси со дебелина од околу 5 мм. На секое ставете по парченце портокал и оставете ги во фрижидер околу 20-30 минути пред да ги послужите.