Како да ги зачувате доматите подолго свежи? (ВИДЕО)

0
343

За да ги зачувате подолго свежи доматите ставете ги во фрижидер такашто ќе им ги остраните зелените делови, а потоа ќе ги свртите такашто делот од кој растеле на стебленцето да биде завртено надолу.

Ова е така затоа што остатокот од доматот го прекрива лушпата која ги штити соковите од омилениот летен плод и го штити од исушување, додека делот на кој се наоѓало стебленцето мора да остане покриен за да се задржат соковите во доматот, а тој да остане вкусен и свеж.

Иако некои гастрономски познавачи тврдат дека вкусот на доматите останува поавтентичен и подобар ако воопшто не се ставаат во фрижидер, таа теорија важи само доколку имате намера да ги изедете истиот или следниот ден. Во спротивно, секако дека треба да ги чувате во фрижидер и тоа токму онака како што советува овој шеф. За да го имаат саканиот вкус, пред консумација оставете ги на отстојат на собна температура.