Пет трикови за да одберете совршена лубеница

Не можете да судите за книгата по корицата, но можете да судите за лубеницата по кората.

0
3589

Ништо не е поосвежително од слатката, сочна лубеница во летните денови. Можеби мислите дека да се одбере добра лубеница е прашање на случајност, но не е така. Всушност, постојат неколку начини за да се забележи совршена лубеница.

1. Место на лежење
Кога ги гледате лубениците, првото нешто што ќе го забелеите се оние чудни бели дамки од едната страна, кои се всушност местото кое лежело на земјата кадешто лубеницата пораснала. Најдобрите лубеници имаат крем-жолти или дури портокалово-жолти дамки.

2. „Пајажина“
Линиите на лубеницата во облик на пајажина покажуваат колку пати пчелите го допреле цветот. Колку повеќе опрашување, толку послатка е лубеницата.

3. Машко или женско?
Можеби не сте го знаеле ова, но лубениците имаат пол. Машките лубеници се повисоки и поиздолжени, додека женските лубеници се потркалезни и појаки. Машките лубеници се пводникави, а женските се послатки.

4. Големина
Нашиот здрав разум ни кажува дека поголемото е подобро. Затоа можеме да мислиме дека треба да ја земеме најголемата лубеница што ќе можеме да ја однесеме дома, но во реалноста, најдобрите лубеници се со просечна големина.

5. Дршката…
Од лубеницата ја покажува нејзината зрелост. Зелената дршка покажува дека таа била набрана прерано и нема да биде толку вкусна. Одбирајте ги лубениците кои имаат исушени дршки за најдобар вкус.
Не можете да судите за книгата по корицата, но можете да судите за лубеницата по кората.