Американска асоцијација за срце: Кокосовото масло не е здраво!

0
770

Кокосовото масло најчесто се продава како поздрава алтернатива на другите масла, но според Американската асоцијација за срце, тоа е исто толку нездраво како мастите од животинско потекло. Според најновата студија на оваа асоцијација кокосовото масло се состои од околу 82% заситени масти – што е многу поголем процент од оној во повеќето други масла.

Вреди да се укаже дека не сите заситени масти се задолжително лоши за нашето здравје, но во крајна линија, тие помагаат да се затнат артериите што може да доведе до срцеви заболувања.

Маслиновото масло и растителното масло може да бидат подобри опции.

Како и путерот или маснотиите кои се наоѓаат во животинското месо, кокосовото масло е полно со заситени маснотии, а токму тие, според Асоцијацијата, се виновни за голем дел од срцевите заболувања. Со самото тоа предлага намалување на внесувањето на таквите намирници, па така и на досега омилената супернамирница – кокосовото масло.

На оваа студија Асоцијацијата ја поттикнал фактот што 72 отсто од Американците и 37 отсто од американските нутриционисти го сметаат кокосовото масло за здрава намирница.

„Ова тврдење е целосно неосновано и се обидуваме да дознаеме како воопшто и дошло до него“, изјавил главниот автор на студијата, доктор Френк Сакс.

Своето тврдење Сојузот го поткрепува со фактот дека само со замената на заситените маснотии со незаситени маснотии од билните масла го намалуваме ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања за 30%. Незаситените маснотии можат да се најдат во намирници како што се јаткастите плодови, семките, рибите, авокадото и маслиновото масло.

Сојузот исто така ги цитирал резултатите од 7 студии во кои се потврдено дека кокосовото масло го крева нивото на холестерол колку и путерот, маснотиите од животинско потекло и палминото масло.

На крајот преостанува да се заклучи дека маслиновото масло се уште не е симнато од тронот како најздрава маснотија.

Една поволност од кокосовото масло на која укажува студијата е дека тоа е добро за надворешна употреба.

Во тој контекст, доктор Сакс, изјавил: „Можете да го ставите на вашето тело, но не ставајте го во вашето тело“.