За приготвување на пица од тиквички нема да ви треба ништо посебно, освен тиквички и вообичените состојки за пица, но ќе има намален број на калории и ќе можете да уживате во пицата без грижа на совест.
Состојки:
2 тиквички
200 г пармезан
1 чешне лук
100 мл маслиново масло
100 г моцарела или кашкавал
Неколку парчиња сува салама
Босилек
Приготвување:
- Исечкајте ги тиквичките на тенки кругови, посолете ги и оставете ги да отстојат за да го испуштат вишокот на течност. Нека стои 15 минути. Исцедените тиквички наредете ги во круг врз хартија за печење, такашто ќе се преклопуваат една со друга за да создадат совршена подлога за пица. Поросете ги со половина ситно рендан пармезан и се заедно ставете на 5 минути во загреана рерна.
- Извадете ја од рерна и со помош на даска за сечење превртете ја подлогата па поросете со остатокот од пармезан и печете уште пет минути. Пармезанот би требало да ги поврзе тиквичките и да создаде подлога на која потоа ќе се стават останатите состојки.
- Наредете ги состојките врз „тестото“ од тиквички, како што правите со обична пица и ставете ја во рерна додека моцарелата или кашкавалот не се стопил. Извадете и поросете со свеж босилек, исечете на кришки и послужете до сос од домати или со павлака.