Состојки за сируп од рузмарин:
250 мл вода
150 г шеќер или мед
3 гранчиња свеж рузмарин
Состојки за сладолед:
500 г јагоди
1 голем грејпфрут
Сируп од рузмарин
Приготвување:
- Ставете во тенџере шеќер (или мед) и вода и додадете го рузмаринот. Варете на средна температура додека шеќерот не се стопи и додека течноста не добие структура на сируп. Тргнете го настрана и оставете го да се олади па исцедете го и префрлете го во шишенце.
- Кога е сирупот готов, ставете ги јагодите во блендер заедно со сок од грејпфрут. Додадете од сирупот по вкус па ставете ја смесата во калапи за сладолед и право во замрзнувач.