Само во Америка, 30-40 отсто од храната која редовно се фрла е се уште во јадлива состојба, што претставува голема штета за човештвото и за самата земја. Како еден од начините за превенција, локална компанија за производство на сладолед во Портленд, дошла на идеја да почне со производство на сладолед од отпадоци од храна!
Компанијата Salt & Straw го направила првиот сладолед од отпадоци од храна користејќи зачини кои служеле за производство на рум, користени житарки и слад или јаболки кои се премногу оштетени за да можат да се продаваат во маркетите.
На овој начин компанијата сака да ги едуцира своите потрошувачи за тоа дека е можно да се направи нешто несекојдневно и забавно од нешто што требало да биде фрлено, како и тоа дека со рационално користење на таа храна може да се победи гладот во светот.
Првиот сладолед од отпадоци од храна ќе се најде во продажба овој месец, но станува збор за лимитирана количина која ќе може да се купи во некои локали во Портланд, Лос Ангелес и Сан Франциско.