Чорба од брокула

Дури и оние кои не се љубители на чорби, нема да имаат ништо против на оваа исклучително здрава и вкусна чорба од брокула. Особено е освежителна и вкусна кога се јаде ладна.

0
692

Состојки:

300 г брокула

1 кромид

Сол, црн пипер, буковка

Путер

Приготвување:

  1. Сварете ги брокулата и кромидот, а потоа оставете ги да се оладат и испасирајте ги во блендер.
  2. Вратете ги во тенџере и додадете од водата во која се вареле додека не се добие саканата густина. Зачинете и ставете малку путер.
  3. Можете да ја јадете со лимон, со павлака или со лут буковец. Ние ја одбравме последната комбинација и додадовме малку свеж зелен и црвен босилек.