Верувале или не, ова е дебата која често се води помеѓу нутриционистите и луѓето посветени на губење на тежината, а расправата станува уште пожестока кога се во прашање (диеталните) газирани сокови.
Од една страна, обичниот шеќер би требало да биде поздрав, со оглед на тоа што не е направен во лабораторија, но исто така постојат и бројни здравствени ризици кои се поврзуваат со консумацијата на шеќер. Од друга страна, вештачките засладувачи „го залажуваат“ вашиот мозок и предизвикуваат еднакви метаболички реакции како и шеќерот, не содржат калории, но затоа се полни со чудни хемикалии.
Што да се одбере?
Старата народна изрека дека треба да се биде умерен во се важи и кога станува збор за употребата на шеќер и вештачки засладувачи. Ако сакате да изгубите на тежина или внимавате на нивото на шеќер во крвта, вештачките засладувачи се веројатно подобра опција за вас. Во тој случај, обичниот шеќер е помалку „сигурен“ затоа што така го зголемувате внесувањето на калории како и нивото на шеќер во крвта. Но кога станува збор за здравјето генерално, природниот шеќер е подобар избор (но не претерувајте!). Иако има се повеќе студии кои покажуваат дека вештачките засладувачи се сигурни за консумација, веќе со децении одново се докажува дека и обичниот шеќер е сигурен (во мали количини).
Кога ќе се земе се предвид, слободно заблажете си го кафето со обичен шеќер.
Една кесичка содржи само 15 калории, што не би требало да е проблем ако остатокот од вашата исхрана е избалансиран и не содржи многу додадени шеќери. Во прилог на овој совет оди и фактот дека препорачаната дневна количина за шеќер е 25 грама, додека една кесичка содржи само 5 грама. Ако вештачките засладувачи се се уште ваш избор, внимавајте да не претерате со внесувањето на шеќер кога станува збор за останатите оброци.