Како на вратот гердани
ниски јагоди црвени
Како на сонце изникнале
така на чинија легнале
Јагоди ли се јагоди
Гурмански маки големи…
Состојки:
250 г јагоди
150 г рукола
100 г фета сирење
100 г пршут
Свеж босилек
Свежо мелен црн пипер
Оцет балсамико
Приготвување:
- Измијте ја руколата. Фета сирењето исечете го на коцки и искинете ги ливчињата босилек. Јагодите исчистете ги и исечете ги на четвртини.
- На чинија ставете ја руколата и пршутот. Распоредете го сирењето и ливчињата босилек, додадете ги јагодите, зачинете со црн пипер и прелијте со оцет.