Најздравата салата од нашите пазари

Добро измиените листови од поточарка, отстојани во солена вода и вински оцет, можат да се консумираат во вид на салата која се зачинува со ситно сечкан лук, маслиново масло, сок од лимон, малку сол и пипер, а по желба може да се додаде и кромид сечкан на тркалца. Вака измешаната салата се остава да отстои барем 1 час. 

0
576

Поточарката има малку горчлив вкус, а најслична е на комбинацијата на рукола и спанаќ. Богата е со многу витамини и минерали, а погодна е за салати, варива, сендвичи, пити, а со неа може да се прават и многу интересни шејкови. Наједноставна за консумирање е во свежа варијанта, како салата.

Додадете ѝ морска сол, малку маслиново масло, сок од лимон и лук. Јадете ја откако ќе отстои барем еден час. Можете да ја комбинирате и со маслинки, туна и фета сирење.

Состојки:

1 китка поточарка

3 млади кромитчиња

150 г урда или некое друго меко сирење (на пример, моцарела или фета)

Една рака семки од тиква

Масло од тиква

Лимон

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Исечкајте го кромидот и ставете го во сад заедно со ливчињата поточарка. Додадете ја здробената урда и се поросете со семки од тиква.
  2. Салатата зачинете ја со масло од тиква, сок од лимон, сол и црн пипер по вкус.