Состојки:
1 пакување лиснато тесто
1 модар патлиџан
1 тиквица
1 пиперка
Сол
1 младо лукче
100 г чаден лосос
1 шолја рикота или урда
100 г павлака
4 јајца
1 шолја пармезан
1 лажичка оригано
Црн пипер
3 лажици маслиново масло
1 лажица оцет балсамико
100 г млад спанаќ
1 рака поточарка
3 гранчиња мајчина душица
1/3 шолја фета
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и премачкајте ја со путер тепсијата за печење
- Расукајте го тестото на набрашнета површина на големина на тепсијата за печење и ставете го внатре. Избоцкајте го тестото со вилушка
- Патлиџанот и тиквичката исечете ги на тркалца, посолете ги и оставете ги десетина минути да пуштат вода
- Исечете ја пиперката на тркалца и наредете ја заедно со патлиџанот и тиквичката врз тестото. Најгоре наредете парчиња чаден лосос.
- Во еден сад помешајте го исечканиот лук со малку сол и додадете му ги урдата, павлаката, јајцата и пармезанот, па добро измешајте. Додадете оригано и зачинете со сол и со црн пипер и прелијте врз питата.
- Печете околу 45-50 минути. Извадете ја од рерна и оставете малку да се излади. Измешајте ги маслото и оцетот и послужете ги во мал сад со питата, а врз неа распоредете го свежиот спанаќ и поточарката и наросете со мајчина душичка и фета.