Секоја дегустација е авантура!

Ако имате префинето непце и сакате да испробувате нови кулинарски специјалитети, веројатно ќе уживате во дегустацуијата на дури 18 специјалитети, во петок, на 12.мај во Форца бар и ресторан

0
394

Работа од соништата на секој гурман – јадеш и пиеш, а притоа заработуваш.
Е сега, доколку немате ваква понуда да станете професионален дегустатор, сепак можете да дегустирате и тоа да не ве чини многу.

Треба да сте хедонист и да имате доволно жар и љубов кон храната и пијалокот.
Ако имате префинето непце и добро познавање на гастрономијата а сакате да испробувате нови врвни кулинарски специјалитети, веројатно уживате во вакви настани.
Во петок, на 12.мај во Форца бар и ресторан можете да дегустирате дури 18 специјалитети кои се дел од нивното ново мени за дружење и уживање во сезоната пролет-лето 2017.
Овие 18 специјалитети од понудaта на новото мени, се распоредени во 5 корса (5 предјадења, 3 салати, 3 пасти, 4 главни јадења и 3 десерти), и тоа по промотивна цена од само 780 денари по лице.
Ве очекуваат 18 совршени вкусови од кујната на шеф Андреа Јаковчевски.
Ова фантастично мени се состои од:

ПРЕДЈАДЕЊА:

Гаспачо – ладна супа од домати, краставица, пиперка, кромид, лук

Моцарела, тиквица, модар патлиџан

Ролована блитва со сирење

Свежи сардини на скара

Пилешки крилца со табаско сос

САЛАТИ:
Салата со козјо сирење со дресинг од бадем

Детокс салата од марула, рукола, круша, брусница, ореви, сончоглед, сусам, горгонзола, со дресинг од јогурт и коријандер

Киноа салата

ПАСТА АЛА ФОРЦА:
Домашни свежи равиоли полнети со горгонзола и ореви, во сос од крушка
Домашни свежи равиоли полнети со чадена сланина и сува слива, во сос од домати и босилек
Домашни месени њоки со бифтек, говедска пршута и пармезан

ГЛАВНИ ЈАДЕЊА:
Свеж пилешки стек со спанаќ, пармезан и ореви
Мисиркино роловано со говедска пршута и кашкавал
Зреено роловано свинско филе со мелено месо
Лосос во сос од бадем и теријаки сос

ДЕСЕРТИ:
Фереро Роше бомбици со орео колач, нутела, чоколадо и маскарпоне
Нугат Торта со три вида чоколадо и крцкав карамелизиран лешник
Рафаело палачинка со бело чоколадо, кокос и лешници