Кога ќе видите колку едноставно се прават овие чоколадни чашки ќе почнете да ги правите почесто и тоа заедно со вашето дете за кое ова може да биде многу забавна активност.
Се што треба да се направи е да се наслика внатрешноста на силиконските модли со растопено чоколадо, да почекате да се здрви и внимателно да го извадите. Ако ви звучи комплицирано, само погледнете го видеото.
Состојки:
Топено тврдо чоколадо (можете да употребите и бело и црно чоколадо од било каков вид)
Силиконски модли
Мали четкички за боење
Приготвување:
1. Растопете го чоколадото и со помош на четкичка нанесете тенок слој од чоколадо внатрешноста на секоја модла. Оставете ги модлите во фрижидер на десет минути.
2. Нанесете и втор слој од чоколадо врз првиот и оставете ги модлите повторно во фрижидер на уште десет минути.
3. Внимателно превртете ги модлите за да ги извадите чоколадните чашки.