На сите ни се познати најразлични начини на подготвување на јајца, јајце на око, кајгана, поширани јајца, … но дали сте пробале јајца во облаци?
Освен што се вкусни, изгледаат одлично, а не е воопшто тешко да се направат. Ако и вие сакате да уживате во вакви јајца, еве ви рецепт:
Потребно е да се одвојат белките од жолчките. Белките се матат додека не се добие густа смеса како шлаг, а потоа додадете внатре една лажица пармезан и зачини по вкус. Распоредете ги белките на хартија за печење и во средината направете вдлабнатини за во кои ќе ги ставите жолчките. Печете ги јајцата околу 5 до 7 минути.