Состојки:
За тестото:
300 г брашно
200 г путер
80 г шеќер
Ладна вода по потреба
За филот:
500 г јагоди
2 лажици кора од лимон
2 гранчиња свежа мајчина душица
2 лажици мед
½ шолја мелени бадеми или лешници
Млеко
Приготвување:
- Јагодите исечкајте ги и зачинете ги со лимон, мајчина душица и мед и оставете ги да отстојат десетина минути.
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- На хартија за печење ставете го тестото и наполнете ја средината со јагодите и зачините.
- Со краевите од тестото затворете ја средината за да не истече филот, а потоа премачкајте го со млеко.
- Печете околу половина час, а последните десет минути поросете ја питата си мелени бадеми или лешници и вратете ја во рерна.