Најдекадентните свадбени торти

0
614

Повеќето од нас би уживале во парче врвна торта во било кој момент, но само неколкумина имаат можност да уживаат во вистински декадентните деликатеси на слаткарницата LeNovelle Cakes од Џакарта.

Najdekadentnije svadbene torte

Оваа семејна слаткарница е специјализирана за неверојатни свадбени торти. Од дворци од бајките, глазирани катедрали и огромни пагоди, тие креираат вистински импресивни слатки деликатеси.

Najdekadentnije svadbene torte

Основана во 1993. Година како обична слаткарница која се занимавала со креирање на роденденски торти за семејството и пријателите, LeNovelle Cakes е сега позната во целиот свет токму заради ремек-делата што ги креира.

Najdekadentnije svadbene torteЗа изработка на едно нивно ремек дело се потребни 24 луѓе, 12 часа работа дневно и повеќе од еден месец. Нивните креации се често високи околу 7 метри и е потребен камион за да се однесат до местото на прославата. За една нивна торта биле потребни дури пет камиони и осум луѓе, само за превоз и составување.

Najdekadentnije svadbene torte

За жал, овие фасцинантни торти се само делумно јадливи, затоа што голем дел од нивните детали се направени од стиропор кој е обложен со фондан и со шеќер. Цената на нивните креации се движат од 5.000 долари, а најскапата што ја продале досега чинела половина милион.

Najdekadentnije svadbene torte

Najdekadentnije svadbene torte

Najdekadentnije svadbene torte

Najdekadentnije svadbene torte