Состојки:
1 кг спанаќ
2 шолји млеко
2 лажици путер
2 лажици брашно
½ лажичка свежо мелено морсмко оревче
Црн пипер по вкус
300 г рендан кашкавал
6 варени јајца
3-4 лажици презли со зачини
Маслиново масло
Приготвување:
- Измијте го и избланширајте го спанаќот па исплакнете го со ладна вода и исечкајте го. Оставете настрана додека го подготвувате бешамел сосот.
- Ставете го во загреано тенџере путерот и пропржете го брашното, па додадете го полека млекото и мешајте за да не се направат грутчиња. Зачинете по желба.
- Ставете го спанаќот во тепсија и прелијте го со бешамелот. Одозгора поросете го изренданиот кашкавал и наредете ги пресечените варени јајца кои благо ќе ги втиснете во спанаќот. Најгоре поросете од презлите со зачини по желба.
- Печете во загреана рерна околу 20 минути и послужете топло со павлака или кисело млеко.