Дали водените јадливи меурчиња ќе ги заменат пластичните шишиња? (ВИДЕО)

Пластичните шишиња со вода наскоро би можело да бидат минато, благодарение на овие неверојатни јадливи водени меурчиња

0
390

Благодарение на овие неверојатни јадливи водени меурчиња создадени од страна на иновативна компанија со седиште во Лондон, Велика Британија, наскоро пластичните шишиња со вода би можело да бидат минато.

Меурчињата, наречени Ooho! се создадени од обвивка од природен екстракт од алги полна со вода за пиење. Ништо од нив не оди во отпад, а доколку не се потроши, производот целосно се биоразградува во период од 4-6 недели.


Тимот кој стои зад оваа брилијантна идеја се нарекува Skipping Rocks Lab, а станува збор за еден куп на инженери кои дипломирале на Кралскиот колеџ во Лондон, а првпат го претставиле својот концепт во 2013.година. Од тогаш тие работат напорно за да го направат својот сон реалност, и нивната страница која неодамна ја поставиле веќе собрала над 600 илјади британски фунти (750 илјади американски долари) во само неколку дена. Со оглед на тоа што само во САД се користат околу 35 милијарди пластични шишиња годишно, и со оглед на тоа што за да се распаднат пластичните шишиња со вода се потребни стотици години, ова звучи како брилијантна идеја.