Состојки:
3 јајца
150 мл млеко
200 г брашно
1 прашок за пециво
Сол по желба
Брокула
Црвена пиперка
Рендан кашкавал
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180°C.
- Подгответе го зеленчукот такашто ќе ја измиете брокулата, ќе ја раздвоите на мали цветчиња и сосема накусо ќе ја ставите во зовриена вода. Потоа добро исцедете ја, а пиперката исечкајте ја.
- Измешајте ги сите суви состојки.
- Посебно во еден сад изматете ги јајцата и млекото оа додадете го зеленчукот и на крајот сувите состојки.
- Наполнете ги со оваа смеса модлите за мафини и поросете со рендан кашкавал.
- Печете во загреана рерна околу 20-25 минути.