Состојки:
1 Кромид
2-3 чешниња лук
Магдонос
Црвен пипер
Мајчина душичка
1 домат
1 црвена пиперка
1 шолја ориз
3 лажици бело вино
Сол
Шафран
Грашок
Морски плодови
Масло
Сок од 1 лимон
Приготвување:
- Во мало тенџере ставете 1 литар вода да зоврие. Доколку имате шафран ставете малку за да добие паељата убава боја.
- Пропржете го кромидот а потоа додадете ги и лукчето и оризот и оставете да се пропржат една минута. Доматот изрендајте го и додадете го во оризот, измешајте убаво и ставете од зовриената вода.
- Кога водата ќе испари, додадете уште вода, грашокот, пиперката и морските плодови и поклопете го тавчето и оставете го на оган уште 10-тина минути.
- Тргнете го тавчето од оган, исцедете еден лимон одозгора, оставете го да се подизлади неколку минути и поросете свеж магдонос.