Мек и миризлив пченкарен леб

0
720

Состојки:

1 шолја пченкарно брашно

1/2 шолја бело брашно

1 1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка црвен пипер

2 лажички ким

6 лажици путер

2 лажици мед

1 шолја матеница (солена сурутка)

1 јајце

1 1/2 шолја пченка

1 авокадо исечено на коцки

Сок од пола лимета

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете во тркалезен калап (размер 22 cm) 2 лажици путер и ким и ставете го калапот во рерна да се грее додека го приготвувате остатокот.
  2. Помешајте ги сувите состојки: брашно, пченкарно бреашно, сол, црн пипер, сода бикарбона. Преостанатиот путер помешајте го со медот. Матеницата помешајте ја со јајцето, а со сокот од лимета накапете ги авокадото и пченката.
  3. Ставете ја смесата од мед и путер во смесата од матеница и јајце. Додадете ги сувите состојки и авокадото со пченка и се добро измешајте за состојките да се соединат. Извадете го загреаниот калап и префрлете ја во него смесата за лебпечете во загреана рерна 30 – 40 минути.

Послужете оладено на собна температура.