Вегетаријански раженчиња

0
280

Идеално јадење за вегетаријанци, но и како прилог за „месождерите“. Направете ги овие супер едноставни раженчиња, зачинете ги со основните зачини како што се сол и црн пипер, а по желба додадете и сечкан свеж босилек или магдонос. Секако, неизбежно е маслиновото масло, а солената фета одлично се слоѓува со лесните вкусови на зеленчукот. На ваквите веге раженчиња можете да им додадете друг зеленчук како пиперка или домат.

Состојки:

4 тиквички
1 главица карфиол
Маслиново масло
Сол, црн пипер
Фета сирење

Приготвување:

1. Загрејте ја грил тавата или скарата.
2. Направете од тиквичкителенти со помош на лупач за компир, а карфиолот иситнете го на помали парчиња.
3. На стапчиња за раженчиња боцнете ги парчињата карфиол, а потоа едно парче тиквичка и се така наизменично додека не се наполни целото стапче.
4. Попрскајте ги раженчињата со маслиново масло и зачинете ги со сол и со црн пипер.
5. Печете ги околу 10-12 минути.
6. Послужете ги со фета сирење.