Каде во светот се пие најмногу виски? 

0
382

Веројатно сите би помислиле дека најмногу виски се пие токму во оние земји во кои традиционално и најмногу се произведува – во Шкотска и во Ирска, но фактите кажуваат нешто друго.

Имено, според порталот Food and Wine, најмногу виски не пијат во наведените земји, па дури но во САД кадешто речиси сите го чуваат во проѕирни стаклени шишиња (и барем во филмовите, го пијат секој пат кога нешто малку ќе ги вознемири), туку во Франција!

Во земјата на шампањското и коњакот најмногу се пие виски! Никогаш не би се сетиле, но фактите кажуваат дека Французите пијат годишно (по човек) 2,15 литри виски. Втори на пописот се (исто така неочекувано), жителите на Уругвај, кадешто се пијат 1,8 л виски годишно (по човек). И дури трети на листата се САД кадешто се пијат само 1,4 л виски по човек годишно!

Француската федерација на алкохолни пијалоци потврдила дека на продажба на виски во Франција одат дури 40% од пазарот на алкохолни пијалоци, додека пазарот на коњак има тажни 0,5%.

Иако е позната во светот како земја на прекрасни вина, шампањци и коњаци, Франција има земја, ресурси и можности за производство на сопствено виски (сега увезува дури 90% од Шкотска).  Па останува да се види дали наскоро на пазарот би можело да се појави и некое француски виски.