Состојки:
400 г свежи шампињони
2 лажички сол
1 лажичка црвен пипер
0,3 дл зејтин
Црн пипер
2 ловорови листа
1/2 лажичка чили
Главица кромид
1,5 дл сок од домати
Приготвување:
- Кромидот исечете го на коцки, а шампињоните на крупни парчиња.
- На загреан зејтон пропржете го кромидот, додадете ги печурките и динстакте додека не омекнат (околу 10 минути). Зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер, чили, ловор и сок од домати па варете околу 10 минути со повремено мешање.
- Послужете со прилог од варен ориз.