Слатка пита со урда, крем и лимон

0
328

Состојки:

За тестото:

4 жолчки

125 г путер

1 ванилин шеќер

50 г шеќер

250 г брашно

Малку сол

За филот:

300 г урда

125 мл млеко

3 жолчки

120 г шеќер

20 г скробно брашно

3 лажици кандирани парчиња лимон

Кора од 1,5 непрскан лимон

1 ванилин шеќер

Приготвување:

Прво измешајте ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете го путерот на собна температура здробен на парченца, малку сол и на крај постепено додавајте го брашното истовремено гмечејќи го тестото такашто смесата да поминува низ прстите. Потоа измесете го тестото кое не би смеело да се лепи за прсти. Ако се лепи додадете уште малку брашно. Обликувајте топка и завиткајте ја во пластична фолија и оставете го во фрижидер барем на половина час. Печете на 200°C 20-25 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот. Зовријте го млекото и стапче ванила (цело стапче оди на 0,5 л млеко). Изматете ги жолчките со шеќер, скробно брашно и 1 ванилин шеќер. Кога млекото ќе проврие, ставете внимателно половина од млекото во смесата од жолчки, брзо мешајќи, а потоа се заедно вратете на тивок оган уште на 1 минута за да се згусне. Тргнете од оган, прелијте во друг сад и оставете го да се олади.

Кога кремот ќе се олади додадете издробена урда, кандирани лимони, 3 лажици млеко и малку ликер од лимон по желба, ако сакате поинтензивен вкус. Изрендајте кора од лимон и се измешајте.

Ставете го кремот врз тестото и печете уште десетина минути.