Состојки:
12 парчиња сланина
1 шолја матеница
1 авокадо, преполовено, излупено и се разбира, без семка
1/4 шолја свежо исцеден сок од лимон (од 2 до 3 лимони)
3 лажици маслиново масло
Сол и свежо мелен црн пипер
1 зелена салата (исечена на тенки ленти)
8 тврдо варени јајца исечени на тркалца
1/2 мала главица црвена зелка, исечена на тенки ленти
Околу 3 ипол шолји шери домати, пресечени на половинки
½ кг грашак
Околу две шолји рендан кашкавал
Приготвување:
- Пропржете ја сланината додека не се стопи маснотијијата, околу 10 до 15 минути а потоа ставете ја на хартиена салфета да се исцеди и искршете ја на парченца.
- Во меѓувреме, во блендер изматете ги матеницата, авокадото, сокот од лимон и маслото и зачинете со сол и црн пипер.
- На дното од стаклен сад за салата наредете марула, вертикално, по ѕидовите на садот наредете јајца а останатите наредете ги врз салатата. Одозгора ставете ја зелката, а потоа доматите. Посолете, а потоа ставете го грашокот, одозгора ставете го приготвениот прелив и убаво распоредете го. Завршете со рендан кашкавал и парченца од пропржената сланина.Чувајте ја салатата во фрижидер.