Булгур со блитва

0
722

Состојки:
1 шолја булгур
2 шолји вода
1 китка блитва
Путер или маслиново масло
Зачини по вкус
1-2 чешниња лук

Приготвување:
1. Исплакнете го булгурот со топла вода и исцедете го.
2. Во тенџере ставете коцка путер или маслиново масло и пропржете го булгурот 2-3 минути, па додадете ја водата и зголемете ја температурата.
3. Кога ќе се впие повеќе од половина од водата, додадете ја измиената и исечкана блитва, зачинете, додадете го ситно сечканото лукче и поклопете. После 5-6 минути исклучете ја ринглата и оставете го булгурот поклопен уште 15-20минути.