Состојки:
За тестото:
1 шолја ржано брашно
½ шолја пченично брашно
1 лажичка сол
½ шолја вода
За филот:
½ шолја ориз
½ литар млеко
Малку сол
1/3 лажичка цимет
1/3 лажичка мелен кардамом
1/3 лажичка екстракт од ванила
2 лажици мед
1 шолја боровинки
За премачкување:
80 г путер
1 дл млеко
Приготвување:
- Наjпрвин подгответе го филот – пудинг од ориз. Сите сиостојки освен медот ставете ги да се варат. Кога ќе зовријат, намалете го огнот. Варете 20-тина минути повремено мешајќи. Би требало да добиете густ пудинг. Додадете го медот и оставете го филот сосема да се олади.
- Двата вида на брашно помешајте ги со сол, додадете вода и замесете меко тесто. Поделете го тестото на 12 еднакви делови, набрашнете ја работната маса па секое парче расукајте го во круг, а потоа развлечете ги горниот и долниот дел од тестото за да добиете форма на јајце. На средината од секое тесто ставајте по малку од пудингот од ориз и неколку боровинки.
Десната и левата страна преклопете ги кон средината, а потоа со прсти згужвајте го тестото, како да затварате хартиена кеса. На овој начин ќе добиете форма на чамец. Наредете ги питите во тепсија врз хартија за печење и печете околу 10 минути во претходно загреана рерна.
- Путерот и млекото загревајте ги во еден сад, додекапутерот да се стопи. Печените пити обично премачкајте ги со оваа смеса.