Готвачите и нивните помошници, сите 30 вработени во ресторанот „Пулс“ во склоп на специјалната болница „Филип Втори“, денеска ја покажаа сета своја умешност за подготвување на здрава и вкусна храна, која патем е и мајсторски аранжирана и декорирана.
Сето тоа во чест на одбележувањето на 17 години од постоењето на болницата и една година работа во новите простории.
За жал, не останавме за да видиме како лекарите кои учествуваа на стручната работилница во Аудиториумот на болницата дегустираат од деликатесите подготвени од вредните раце на тимот на „Пулс“, но веруваме дека на крајот не останало ништо.
Бифтек во сос од малини и црвено вино, Темпур од гамбори, Чили ракчиња во шпански сос, авокадо сос со козјо сирење и шери домати,…
Фото: Александар Ѓорѓиев