Состојки:
Леќа
Свеж спанаќ
Младо кромитче
Моркови
Маслиново масло
Сол, црн пипер
Сок од свежо исцеден лимон
Магдонос
Приготвување:
- Накиснете ја леќата од вечер или нека отстои барем 2-3 часа во млака вода.
- Сварете ја леќата но да остане ал денте, а при крајот на варењето додадете ги и морковите.
- Спанаќот убаво измијте го исечкајте го или едноставно искинете ги ливчињата и ставете ги во еден сад заедно со сварената и исцедена леќа, морковите, младото кромитче и ситно сечканиот магдонос.
- Зачинете со сол, црн пипер, маслиново масло и сок од лимон.
- Измешајте се убаво и послужете со кисело млеко или со павлака.