Состојки:
3 јајца
100 г путер
1/4 шолја јаворов сируп
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 шолја бадемово млеко
140 г брашно
1/2 лажичка цимет
Малку морско оревче
1 лажица какао
1 прашок за пециво
Малку сол
200 г јаболки
50 г бадеми
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го калапот со путер или ставете хартија за печење.
- Измешајте ги со миксер јајцата, путерот, јаворовиот сируп и екстрактот од ванила. Додадете го бадемовото млеко, какаото, брашното, циметот, морското оревче, прашакот за пециво и сол.
- Добро измешајте и на крајот додадете ги изренданите јаболка, а половина јаболко оставете за украс.
- Ставете го тестото во калапот и одозгора распоредете ги кришките од половината јаболко за украс и поросете со бадемови ливчиња.
- Печете 40-42 минути.