Пилешко филе со макарони, грав и мандарини

0
356
Кога ќе си дојдете дома гладни од работа а во фрижидерот имате се што ви треба, имајте уште малку трпение и не посегајте веднаш по јајцата и тавата за стариот добар омлет, направете си вистинско јадење и уживајте во смели и вкусни комбинации како оваа.
 
Состојки:
 
500 г пилешко филе
100 г шампињони од тегла
3-4 цм свеж ѓумбир
100 г црвен грав од конзерва
200 мл сок од домати
2-3 чешниња лук
Маслиново масло
Масло од тиква
20 г печени кикирики
Италијанска мешавина од зачини (оригано, рузмарин, мајчина душица, мајоран, жалфија)
Сол, бибер, ловоров лист
Сок од 1 мандарина
500 г макарони
 
Приготвување:
 
1.    Исечкајте го месото на коцки и ставете го во вок тава со маслиново масло и свеж изрендан ѓумбир (ако немате вок тава, може и обична, подлабока тава или тенџере). Пржете го месото 15 минути.
2.    Додадете ги исечканиот лук, печурките, зачините, гравот, кикириките, масло од тиква по желба и на крајот, сок од домати. Оставете се заедно да се крчка 10-15 минути. Тргнете од оган и додадете сок од 1 мандарина.
3.    Макароните сварете ги во солена вода да бидат ал денте.
4.    Послужете, уживајте и престанете ако можете пред да изедете се.