Најдобриот тост, најубавото кафе и пекмез од рози

0
788

Најубавото нешто е да станете наутро, да го влучите компјутерот (сепак мора да се работи па макар и од дома), а потоа да се измиете и да влезете во кујна. Овој бокал за филтер кафе e една од поубавите работи кои треба да ги имате ако сакате да пиете убаво кафе.

Значи, правите кафе…го вклучувате тостерот и земате кришка леб, малку путер, кашкавал и, се разбира, поросувате со ноктец (тоа е онаа тревка што се става во т.н.шарена сол, па ако ви се допаѓа како таа мириса, треба да знаете дека е тоа благодарение на ноктецот). За 3 минути тостот е готов, а оние кои мешаат солено, кисело и благо, можат да си го збогатат појадокот и со кисела краставичка и малку од прочуениот бугарски специјалитет – пекмез од рози.

Мммм…колку убав почеток на денот!