Состојки:
4 парчиња праз
1 китка магдонос
5 компири
1,5 л вода
1 лажичка копар
Сол, бибер
Маслиново масло
1 павлака
Приготвување:
- Излупете го зеленчукот, празот осечете го на тркалца, магдоносот исечкајте го ситно, а компирите на помали коцки.
- На маслиново масло пропржете го празот, додадете ги компирите, залејте со вода, зачинете и додадете го магдоносот.
- Кога е компирот готов, со миксер или во блендер иситнете го зеленчукот па вратете ја супата на оган.
- Зачинете со свеж копар и послужете со павлака.