Состојки:
2 лажици јаболков оцет
1 лажица маслоta
¼ лажичка сол
2 чаши рендана црвена зелка
1 среден морков, рендан
¼ чаша сечкан свеж кориандер
1 конзерва бел грав
1 зрело авокадо
½ чаша рендан кашкавал
Чили во прав
2 лажици сечкан црвен кромид
Тортилји
Приготвување:
- Измешајте оцет, масло, чили и сол во еден сад. Додадете ги зелката, морковот и кориандерот. Измешајте.
- Згмечете ги авокадото и гравот во друг сад и додадете ги ренданиот кашкавал и кромидот.
- На секоја тортилја ставете прво од смесата со грав и авокадо, а потоа и од другата смеса. Завиткајте и сервирајте.