Состојки:
1 шолја сув наут
2 шолји ливчиња од магдонос
¼ шолја сечкан црвен кромид плус ¼ шолја тенки реѕанки од црвен кромид
2 чешниња лук
5 лажици маслиново масло
3 лажици сок од лимон
1 лажица мелен ким
1 лажичка сол
5 лажици таан
5 лажици топла вода
6 шолји сечкана марула
2 шолји сечкани краставици или ротквици
Неколку шери домати
Приготвување:
- Накиснете го наутот во ладна вода и оставете ги 12 до 24 часа.
- Исцедете го наутот и ставете го во блендер. Додадете 1 чаша магдонос, сечкан кромид, лук, 1 лажица масло, 1 лажица сок од лимон, ким и ½ лажичка сол. Вклучете го блендерот и мешајте додека не добиете компактна смеса. Обликувајте 12 ќофтиња.
- Загрејте две лажици масло и испржете ги ќофтињата од двете страни на средна температура.
- Во меѓувреме, измешајте го таанот, водата и 2 лажици сок од лимон, 1 лажица маслиново масло и ½ лажичка сол. Во сад ставете ја исечканата марула и 1 шолја магдонос, краставички или ротквици, шери домати, парчиња кромид и фалафел. Прелијте со приготвениот сос.