Компанијата Фереро се бори против обниненијата дека палминото масло кое го користат во нивното чоколадо и во кремот од лешници може да предизвика рак.
Во мај, европскиот орган за контрола на храната предупреди дека загадувачот кој се наоѓа во јадливиот облик на палминото масло може да биде канцероген. Тие предупредија дека дури и умереното консумирање на оваа супстанција може да претставува ризик за децата, додавајќи дека ниту малите количини не можат да се сметаат за безбедни.
Палминото масло се наоѓа во стотина брендови на оваа компанија, но нутелата досега предизвика најголема бура од реакции кај потрошувачите. Неколку маркети меѓу кои и Coop, најголемиот ланец на супермаркети во земјата, го бојкотирале овој производ како мерка на претпазливост.
Како одговор на обвиненијата Фереро покренал рекламна кампања обидувајќи се да ги убеди луѓето дека нивните производи се безбедни. Наспроти обвинувањата, дека не е безбедно, Фереро инсистира на тоа да го задржи палминото масло во своите производи, затоа што како што велат, станува збор за квалитет, не за цена.
Оваа супстанција, како што објасниле, се користи за да се добие една мазна текстура која е невозможно да се постигне со користење на други масла.
„Правењето нутела со помош на други масла би довело до полоша верзија на оригиналниот производ, тоа би бил чекор назад“, рекол менаџерот за набавки во Фереро.
Компанијата би можела да користи сончогледово масло, или масло од репка, но тоа би ги зголемило трошоците за правење на овој производ дури за 22 милиони долари, пресметал Ројтерс. Во Фереро не ги потврдиле овие броеви, затоа што не биле достапни за коментар.
Стравовите во врска со канцерогеноста се појавиле поради сознанието дека соединението во палминото масло, кое се создава кога маслото во процесот на производство се загрева на 200 степени Целзиусови, е штетно за безбедноста, а токму на овој начин се произведува и нутелата, но и друга храна.