Состојки:
4 шолји рендани тиквички
1 јајце
¼ шолја презли
1/2 шолја рендан пармезан
½ лажичка свежо мелен бибер
¼ лажичка морска сол
¼ лажичка лук во прав
¼ лажичка мелен ким
Приготвување:
- Изрендајте ги тиквичките за да добиете количина за 4 шолји. Исцедете ја водата што ќе ја пуштат и додадете им ги јајцето, презлите и пармезанот.
- Зачинете и се добро измешајте. Потоа вадете по ¼ шолја од оваа мешавина и ставете врз хартија за печење обликувајќи ја во тенки лепињи со пречник од околу 10 цм.
- Печете ги во рерна на 220 степени околу 25 минути додека не добијат златна-браон боја.
- Кога ќе се оладат нежно одвоите ги од хартијата и можете да ги послужите со фил по ваш избор.