Состојки:
1 средно голем портокал
1 1/4 шолја брашно
1/2 шолја пченкарно брашно
2 лажички прашак за пециво
1/4 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
2/3 шолји и 2 лажици шеќер (одвоено)
1/2 шолја јогурт
3 јајца
1/2 шолја маслиново масло
4 тенко исечени кришки портокал
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени
- Излупете ја кората од портокалот и исечете ја на тенки ленти, а портокалот исцедете го и земете 1/4 шолјичка сок.
- Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и содата.
- Помешајте 2/3 шолјичка шеќер со 1/4 шолјичка сок од портокал, постепено додавајте јогурт, јајца, масло, па додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не се соедини. Додадете ја и кората од портокал и повторно се добро измешајте.
- Префрлете ја смесата во подмачкан калап или врз хартија за печење, наредете ги одозгора тенко исечените кришки портокал и поросете со две лажици шеќер (во правоаголен калап за леб) и печете околу 50 минути.