Состојки:
1 банана
1 лажица мед
Малку цимет
Маслиново масло
1 лажица сок од лимон
Приготвување
- Намрсете ја малку тавата и на средна температура пржете ги бананите исечени на плочки околу 1-2 минути од двете страни.
- За тоа време подгответе ја глазурата од мед и една лажица сок од лимон.
- Бананите извадете ги од тавата, префрлете ги на чинија и додека се уште топли прелијте ги со сосот од мед.
- Оладете и поросете со цимет.