Само 2 бразилски ореви на ден можат да спречат рак, анксиозност, депресија и срцев удар!

Малку се оние намирници кои содржат толку концентрирани дози на корисни хранливи материи како оваа - ова егзотично јаткасто овошје е едно од поскапите во светот, но е вистинска ризница на минерали!

0
447

Бразилски орев. Кралот на џунглата. Bertholletia excelsa е роден во Јужна Америка. Расте на плодната почва на амазонската прашума и е едно од највисоките дрвја во светот. Заради слабиот принос и економската неисплатливост, тој е еден од најскапите видови јаткасти плодови.

Тој е и своевиден симбол за зачувување на амазонската прашума.

Малку се оние намирници кои содржат толку концентрирани дози на корисни хранливи материи како оваа – а бразилскиот орев е вистинска ризница на минерали!

Една порција бразилски ореви (133 г) задоволува:

3,643% од дневната потреба за селен
125% за магнезиум
116% за бакар
96% за фосфор
81% за манган
А во малку помали количини за калиум, калциум, железо и цинк.

Го чуваат здравјето на штитната жлезда и го подобрува расположението

Два бразилски ореви дневно се исто како да сте земале 100-150 микрограми селен преку таблета!

Еден орев е доволен за да ја задоволи вашата дневна потреба за овој важен минерал, а дополнително значително го подигнувате расположението, бидејќи докажано е дека селенот делува против депресија.

Исто така е важен за активирање на моќниот антиоксидант глутатион, кој ги штити ткивата од оштетување, го подобрува здравјето на срцето и делува против ракот.

Ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност, спречувајќи го предвременото стареење.

Тој игра важна улога во здравјето на тироидната жлезда бидејќи учествува во метаболизмот на јод и производството на тироидни хормони.

Неговата антиинфламаторна активност е забележана во неколку студии.

Правилната функција на тироидната жлезда е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Ако имате проблеми со тироидната жлезда јадете 1-2 бразилски ореви на ден.

Селенот помага и за зајакнување на мускулната маса и ја зголемува силата.

Може да го намали ризикот од рак на простата и секундарни тумори и појава на катаракта.

Ја регулираат телесната тежина

Бразилските ореви содржат висок процент на протеини и влакна кои ја контролираат желбата за храна.

Конзумирањето на оваа храна дава подолго чувство на ситост, намалувајќи го ризикот од прејадување и грицкање помеѓу оброците.

Тие се одличен избор за вегетаријанци.

Го снабдуваат телото со важни амино киселини кои штитат од хронични болести и ги намалуваат симптомите на стареење.

Го заштитуваат здравјето на срцето и крвните садови

Бразилските ореви содржат високи количини на омега-3 масни киселини за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и воспаление во телото.

Тие се одличен извор на мононезаситени киселини како што се олеинска и палмитолеинска киселина.

Овие масни киселини го стабилизираат нивото на холестерол и липиди во крвта, а со тоа спречуваат артериски заболувања, мозочен и срцев удар.

Присуството на селен го спречува создавањето на згрутчување на крвта.

Го подобрува здравјето на коските

Конзумирањето на бразилски ореви помага во одржување на цврстината на коските, поради минералот бакар, кој е неопходен за формирање на коскеното ткиво.

Бакарот помага во апсорпцијата на железото во крвта, додека целокупниот минерален состав на бразилските ореви помага да се подобри густината на коските.

Го чува менталното здравје

Тиаминот од бразилските ореви го одржува здравјето на нервниот систем.

Посебно е важен за ослободување од стрес, мигрена, а помага и при губење на меморијата.

Корисни се и за анксиозност. Редовното консумирање може да помогне во спречување на Алцхајмерова болест.

Лековити својства на бразилските ореви:

Лекуваат акни
Поттикнуваат губење на тежината
Го зајакнуваат имунитетот
Ја подобруваат функцијата на тироидната жлезда
Го штитат срцето и крвните садови
Помагаат за заздравување на ткивата
Го зачувуваат здравјето на кожата и коските
Ја подобруваат плодноста кај мажите
Помагаат при запек и надуеност

Напомена

Прекумерното консумирање бразилски ореви може да доведе до труење со селен.

Затоа, пожелно е да јадете најмногу 4-6 бразилски ореви дневно.

Фото: Pixabay