За сите тиквољупци, колач со тиква, без брашно

Ако не сакате тиква, ич не го правете колачов, ама ако сте љубители на оваа намирница, ќе ви биде многу вкусно, а десертов зимава ќе стане редовен на вашето мени

0
427

Ако се обидувате да им подметнете тиква на оние кои едноставно не се љубители на оваа намирница, тогаш не се мачете залудно. Вкусот на тиквата во овој колач е доминантен.

Токму тоа пак е причината да им се допадне на тиквољупците.

Состојки:

500-600 г печена или варена тиква

100 г кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

500 мл млеко

200 г гриз

6 јајца

200 г кисела павлака

зачини по желба

15 г путер за подмачкување на тавчето.

Приготвување:

Испечете ја тиквата (или сварете ја, по желба).

Испасирајте ја па изматете ја со миксер.

Ставете ги млекото и шеќерот на оган и пред да зоврие додадете ги гризот и ванилин шеќер, а кога ќе се згусне, тргнете го на страна, па додадете ја испасираната тиква и се заедно изматете со миксер.

Изматете ги јајцата па додадете ја павлаката, а потоа додавајте дел по дел од смесата со тиквата и гризот. Измешајте се убаво и истурете ја смесата во подмачката тепсија.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Послужете со слатко од јагоди или некое друго, по ваш избор.