Овие намирници го убиваат вашето либидо

Тестостеронот е хормон одговорен за сексуалната желба и кај жените и кај мажите, а житарките како пченицата го зголемуваат производството на ароматаза, ензим кој го претвора тестостеронот во естроген што го намалува либидото. Избегнувајте големи количини тестенини, печива, житарици и пиво.

0
256

Исхраната има големо влијание врз либидото и кај мажите и кај жените и често може да помогне, но и да одмогне во интимните моменти. Имено, храната што ја јадеме влијае на нивото на хормони во крвта, што е директно поврзано со сексуалниот нагон.

Освен пржена храна и алкохол, постојат голем број на намирници што можат негативно да влијаат на нашето либидо. Проверете дали сте консумирале која било од овие намирници, можно е токму тие да влијаеле на вашата сексуална моќ.

Нане и ментол

Ако сте еден од оние што не можат да замислат ден без гума за џвакање во устата, внимавајте да не се направени од ментол. Имено, ментолот ја намалува сексуалната желба. Одржувањето на оралната хигиена е од суштинско значење, па можете да го освежите здивот и со лажичка сок од лимон.

Житарици

Тестостеронот е хормон одговорен за сексуалната желба и кај жените и кај мажите, а житарките како пченицата го зголемуваат производството на ароматаза, ензим кој го претвора тестостеронот во естроген што го намалува либидото. Избегнувајте големи количини тестенини, печива, житарици и пиво.

Млечни производи

Млечните производи со додавање на хормони ја нарушуваат природната рамнотежа на хормоните во телото. Покрај тоа што ќе ви ја врати желбата за секс, намалувањето на внесот на млечни производи ќе ви помогне да изгубите тежина. Покрај тоа, нема да имате непријатни гасови.

Соја

Сојата во мали количини е здрава, но големите количини негативно влијаат на либидото. Тие го зголемуваат производството на естроген во телото што е виновно за недостатокот на сексуална желба.

Тоник

Ако планирате интимна средба, заборавете на комбинацијата на џин и тоник. Имено, тоникот содржи кинин, растителна состојка која му дава карактеристичен горчлив вкус, а токму оваа состојка може да го намали нивото на тестостерон.

Енергетски пијалаци

Добриот секс бара доволно енергија, а енергетските пијалаци се одличен избор за краткотраен излив на енергија. Сепак, енергијата добиена од овие пијалаци е краткотрајна, па многу е веројатно дека нема да можете да го достигнете врвот. Покрај тоа, премногу шеќер, со кој овие пијалоци се богати, може да го намали нивото на тестостерон во телото, што доведува до помала желба за секс.

Фото: Pexels