Состојки:
1 шише шампањско
470 мл сладолед од ванила
Свежи малини за украсување
Сос од малини:
300 г малини
85 г шеќер во прав
Пола лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
1. Сос од малини: Во помал сад на најниска температура загрејте ги малините и шеќерот. Малините здробете ги со вилушка и мешајте додека не се добие компактна смеса и додека малините не пуштат сок. Тргнете од оган и додадете го екстрактот од ванила. Оладете и испасирајте за да се отстранат семкичките од малините.
2. Во секоја чаша ставете 1-2 лажици од сосост од малини, две мали лажици сладолед од ванила и прелијте со шампањско а кога сладоледот ќе се крене најгоре, капнете уште малку сос од малини и украсете со свежа малина.