Новогодишно варено вино со портокал и каранфилче

0
921

 

Состојки:

750 мл црно вино

150 г шеќер

100 мл свежо исцеден сок од портокал

Кора од 1 лимон

Кора од 1 портокал

1 ѕвездест анис

1 стапче цимет

5 каранфилчиња

1 лажичка морско оревче

Ѓумбир во прав

Приготвување:

  1. Ставете ги шеќерот, зачините и корите од лимон и портокал во тенџере, прелејте одозгора дел од виното колку да се стопи шеќерот, па се заедно варете на умерена температура околу 4-5 минути додека смесата не стане леплива и густа.

    2. Додадете го во тенџерето остатокот од виното и намалете ја температурата на најмалку. Виното не би смеело да проврие затоа што во тој случај ќе испари целиот алкохол. Нека остане уште пет минути, а потоа извадете ги анисот и каранфилчињата и послужете со свежи кришки портокал.