За помалку од половина час, овој одличен пикантен џем е подготвен за јадење или за чување во шпајзот, до некои постудени денови кога ќе се сетите дека помеѓу теглите со џем од сливи, јагоди, кајсии …, имате и џем од пиперки.
Ако купивте пиперки за ајвар оставете си неколку и за џем.
Состојки:
500 гр црвени пиперки
2 лажици оцет
2 сушени пиперки
1 прстофат сол
200 гр шеќер
Приготвување:
Исечете ги пиперките, па ставете ги во тенџере. Додадете оцет, две суви пиперки (ако сакате пикантен вкус, нека бидат лути), сол и шеќер.
Гответе на тивок оган околу 25 минути. Повремено мешајте. Потоа извадете ги сувите пиперки. Смесата изгмечете ја со рачен блендер, ако сакате да е целосно мазна или да оставите парченца од црвените пиперки.
Гответе уште 15 минути за малку да се згусне смесата. Истурете во стерилизирани тегли.
Фото: Принтскрин/Јутјуб