Искористете ги пиперките што ви останаа од ајварот и направете џем!

Зошто да не? Џемот од црвени пиперки, дури и кога е малку лут, е одличен предлог за да ја дополните вашата зимница со нешто поневообичаено

0
251

За помалку од половина час, овој одличен пикантен џем е подготвен за јадење или за чување во шпајзот, до некои постудени денови кога ќе се сетите дека помеѓу теглите со џем од сливи, јагоди, кајсии …, имате и џем од пиперки.

Ако купивте пиперки за ајвар оставете си неколку и за џем.

Состојки:

500 гр црвени пиперки
2 лажици оцет
2 сушени пиперки
1 прстофат сол
200 гр шеќер

Приготвување:

Исечете ги пиперките, па ставете ги во тенџере. Додадете оцет, две суви пиперки (ако сакате пикантен вкус, нека бидат лути), сол и шеќер.

Гответе на тивок оган околу 25 минути. Повремено мешајте. Потоа извадете ги сувите пиперки. Смесата изгмечете ја со рачен блендер, ако сакате да е целосно мазна или да оставите парченца од црвените пиперки.

Гответе уште 15 минути за малку да се згусне смесата. Истурете во стерилизирани тегли.

Фото: Принтскрин/Јутјуб