Овесната каша содржи богатство од хранливи материи како што се манган, селен, железо, фосфор, цинк, витамини Б и Б6 и фолна киселина. Тие се одличен извор на растителни влакна, протеини и антиоксиданти и се верува дека носат многу придобивки како што се намалување на холестеролот, подобрување на варењето на храната, заштита на срцето, поддршка на добриот баланс на шеќер во крвта и ни помагаат полесно да заспиеме.
1. Енергетски плочки
Овесните снегулки се дефинитивно најдобриот и наједноставниот појадок, но ако сте цел ден во движење, направете овесни снегулки во варијанта што секогаш можете да ја понесете со вас.
Што треба да имаат вашите плочки:
1 шолјичка овесни снегулки
1 шолјичка јаткасти плодови
½ шолјичка суво овошје
2 лажици чиа семе или ленено семе
½ шолјичка путер од кикирики
½ лажичка цимет и / или ванила во прав
¼ шолјичка мед
Изборот на состојки ви го препуштаме вам, играјте во креирањето на вашите сопствени комбинации!
2. Згуснувач во јадењата
Ако избегнувате класични згуснувачи како брашно или скроб, овесот е идеален начин да ги збогатите вашите супи, чорби, смути, па дури и разновидни плескавици од зеленчук.
3. Напиток од овес
Ова е најбрзата и најлесната замена за млеко што можете да ја направите дома. Овесните снегулки само измешајте ги со вода во сооднос од 100 гр овесни снегулки на 1 литар вода, исцедете ја смесата преку газа или цедалка и имате вкусен и хранлив напиток што можете веднаш да го искористите.
4. Пилинг за изедначен тен
Измешајте лажица овесни снегулки со малку топла вода и лажица мед. Нанесете на лицето и масирајте со кружни движења 3 минути. Оставете да делува најмалку уште 5 минути, а потоа исплакнете.
5. Бања за сува кожа
Ја балансира pH вредноста на кожата
го ублажува чешањето, егземата, дерматитисот и осипот
ја хидрира кожата
Ставете ги мелените овесни снегулки во топла вода, а пред тоа можете да ги завиткате во газа и да ги ставите во кадата за да не ви остане многу работа за средување после капењето.
6. Каша за ублажување на јадежот
Освен тоа што како додаток во вашата бања генерално го отстрануваат чешањето предизвикано од сува кожа, овесните снегулки ќе послужат одлично во олеснување на отокот од каснување од комарци и други инсекти. Само измешајте мала лажичка овесни снегулки со топла вода и оставете да отстои додека не омекне целосно.
Фото: Unsplash